# title: Оче наш

Оче наш, кој си на небесата,
 да се свети името Твое,
 да дојде царството Твое,
 да биде волјата Твоја,
 како на небото, така и на земјата;
 лебот наш насушен дај ни го денес
 и прости ни ги долговите наши
 како и ние што им ги проштеваме на нашите должници;
 и не нѐ воведувај во искушение,
 но избави нѐ од лукавиот
 Зашто Твое е Царството и Силата и Славата, во вечни векови.
 Амин!